ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА ИВАНОВ: “Ако сме ние нормална држава, ставот на Уставниот суд за уставот треба да биде врвен авторитет”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За експертските ставови за иднината на СЈО и можноста за помилување на осудените од настаните во Собранието, во вестите на телевизија Сител говореше професорот по кpивично право Гордан Калајџиев. Тој е на став дека ќе се постигне консензус без некои поголеми проблеми за најважните прашања околу статусот на СЈО во смисла на негова трансформација и продолжување на неговиот мандат во рамки на републичкото обвинитество со определена автономија, која што ќе дозволи да се бори со високата корупција.

-Другите две клучни прашања околу кои се води полемика во суштина се излишни, и мислам дека непотребно ја обременуваат целата дискусија и целата јавност, со оглед на тоа што се работи за прашања кои не се регулираат со овој закон. Значи едното е прашањето за судбината на истрагите кои влечат корени уште од нејаснотијата од членот 22 на Законот за специјалното обвинителство поврзано со крајниот рок за истраги на СЈО, во смисла дали после тој рок можат да се водат и дали можеби тој рок важи само за специјалното обвинителство или важи за сите обвинитества генерално. Не е прашање што треба да се уреди со овој закон.

Ниту па обратно, е апсолутно затворено прашањето дали тие постапки би сопреле според постојната регулатива, а без да се уреди во законот, би можеле да продолжат, бидејќи тоа ќе зависи повторно од решенијата на Законот за кривична постапка, бидејќи запрени постапки со нови докази можат да продолжат понатаму. Така што, најдобро е ова прашање како и со доказите што ќе предизвика дополнителни компликации во правниот систем. Бидејќи не е природно еден доказ да вреди во една постапка, а да не може да вреди во друга. Најдобро е овие две прашања да се симнат од дневен ред, бидејќи судиите не судат по законот за обвинителство, туку по законот за кривична постапка, вели Калајџиев.

Тој истакна дека Апелациските судови се немаат изнесено по ова прашање, а дефинитивен став нема ни од основниот суд. Само Обвинителството има изградено став, како и Министерството за правда поддржано политички од странските амбасади, дека постапките треба да продолжат, што е повеќе криминално-политичка определба отколку правна. Бидејќи правно доколку постојат пречки во корист на обвинетите, тие исто така треба да се испочитуваат.

Затоа според Калајџиев, ова прашање најдобро да го реши судската практика, без да има политички квалификации или интереси. Но, нормално би било во една држава ставот на Врховниот суд да се почитува, а не е нормално едно обвинителство да го отфрла ставот на Врховниот суд со политички дисквалификации. Тоа би значело дека немаме правен систем.

За тоа дали СЈО треба да се спои со републичкото обвинителство Калајџиев истакна дека тоа би било нормално, но за да се фузионира потребно е да се избегне дневната политика и политичките суети, во смисла кој ќе биде главен итн.

Околу можното помилување на осудените за настаните во Собранието од страна на претседателот Иванив, според Калајџиев правната јавност е поделена. Укинувањето на членот 11 не може да се врати, меѓутоа тоа е само правно мислење. Тука се авторитети како професорот Шкариќ, но и такви како Каракамишева која смета обратно од него.

-Уставниот суд е на мислење дека членот 11 постои, а и Собранието. Ако сме ние нормална држава, ставот на Уставниот суд за уставот треба да биде некаков врвен авторитет, па дури и кога тоа не им се допаѓа на професорите, заврши тој.

 

 

https://www.facebook.com/tvsitel.mk/videos/279464699629743/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This