April 19, 2024, 12:42 pm

ГОРДО СЕ ВЕЕШЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО РИМ: Македонскиот арслан во Рим, со нокаут во 99 секунди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ММА борец, Ален Амедовски кој на мечевите секогаш излегува со македонското знаме, продолжува со извонредната серија победи и сензационална кариера во профи рингот.

Популарно наречен “Македонскиот Тигар”, 29 годишниот борец кој е родум од Центар Жупа, синоќа во Рим, Италија ја оствари шестата победа во професионалната кариера во овој жесток и популарен спорт. Тој го победи големиот фаворит, Ирецот Вил Флури со технички нокаут за само 99 секунди.

Флури предходно немаше пораз во кариерата. Тоа беше борба на предизвикувачи во средна категорија до 84 килограми со која низата на победи на Амедовски продолжи до шест врзани и тоа без пораз.

И синоќа Амедовски победата ја прослави со високо кренато македонско знаме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This