ГОРИВАТА СЕ СЕ ПОСКАПИ: Поскапото гориво сериозно ќе yдpи врз џебот на возачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горивата стануваат сè поскапи, давачките се поголеми, платите не доволни. Повисоката цена на горивата сериозно ги загрижува граѓаните. И таксистите, но и оние граѓани кои секојдневно се зад волан велат дека покачувањето сериозно се чувствува по џебот. За една деценија во просек цените на горивата пораснале за 20 денари, а најдрастично зголемување има кај дизелот поради поголемата акциза. Граѓаните револтирани.

– Поскапувањето не е добро, тоа сериозно се чувствува по џебот, се жалат возачите пред камерата на Алфа.

Поскапото гориво најмногу ги погодува оние кои заработуваат од тоа. Такси возачите се жалат дека и онака едвај опстануваат, па со новите – повисоки цени, тешко дека ќе скрпат крај со крај.

– Тоа е лошо, немаме никаква заработка ни сега, а камо сега со поскапувањата. Страшно, се жалат и такси возачите.

Паралелно, веќе од наредниот месец ќе биде воведена нова методологија за пресметка на крајната цена на горивата.

Регулаторната комисија само уште еднаш, и тоа по две недели за последен пат ќе ги соопшти новите цени на гориваат, но по старата методологија.

Трговците со нафтени деривати веќе побараа од Регулаторна наместо 3,2 денари, да имаат над шест денари маржа за литар. Па така неизвесно е дали со престанувањето на оваа методологија за пресметка на цената на нафтените деривати, која завршува во мај, ќе плаќаме поевтини бензини и дизел. Од Регулаторна не кажаа како ова барање ќе влијае за зголемување на заработката на компаниите врз крајната цена која ќе ја плаќаат граѓаните.

И додека е неизвесно колку би изнесувала цената на дериватите ако во моментов се примени новата методологија, граѓаните возат со поскап бензин и дизел.

Еуросупер 95 е поскап за три денари и се продава по 71,5 денари за литар, а за 2,5 денари се зголеми цената на Еуросупер 98 и се продава по 73 денари за литар. Дизелот е поскап за денар и пол, а новата цена е 62,5 денари. Не пред неполни две години – дизелот бил поевтин за 16 денари, и се продавал по 46,5 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This