ГОРИ АТИНА: Ципрас итно вратен назад од службен пат – состојбата во Атина алармантна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.

Police officers direct traffic as a wildfire burns in Kineta, near Athens, Greece, July 23, 2018. REUTERS/Alkis Konstantinidis

Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните министри кои го известуваат за ситуацијата и изрази надеж дека пожарите ќе се стават под контрола. Тој истакна дека „загрижува фактот што во исто време се појавуваат паралелни жаришта на исток и запад“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Рена Дуру, прогласи вонредна состојба во источниот и западниот дел, односно областите каде што пожарите се уште не се ставени под контрола. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This