ГОРИ И ТРЕБОВЉЕ, ЗАЕВ СЕ ШЕТА СО БЕЈЛИ: Горат куќи во Требовље, СДС и Заев се шетаат со Бејли и американската војска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата во село Требовље е катастрофална, изјави жител на селото во куса телефонска изјава за Курир, откако по десетина дена борба пожарот го зафати селото, а мештаните се евакуираат.

Вели дека ветрот во околината е премногу силен и поради тоа, многу тешко ќе може да се спаси селото.

Жителот на Требовље за Курир вели дека поради густиот чад и пламените јазици не може точно да се види колку куќи од селото се веќе зафатени од огнената стихија, но повторува дека ситуацијата е катастрофална и населението се евакуира.

-Не знам дали и колку има повредени. Поради вдушување на јаглерод диоксид на неколку луѓе им беше укажана помош, им дадоа кислород. Ништо не се гледа, чадот е многу густ, изјави жителот за Курир.

Како што претходно објавивме, надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод.

Граѓаните се разочарани и гневни и велат дека залудно сега институциите се обидуваат да помогнат, кога останале глуви на нивните апели за помош пред десетина дена кога пожарот не беше толку раширен и можеше да се стави под контрола, а жителите сами се обидуваа да го изгаснат.

Во повеќедневните пожари кои го зафатија овој дел изгореа илјадници хектари борова шума. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.

Дел од медиумите изминативе денови апелираа дека пожарот во атарот на селото Требовље се заканува да го пеплоса селото. За состојбата алармираа и мештаните, но очигледно никој од владата на Заев не ги сфаќаше сериозно нивните алармирања за состојбата со пожарите.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This