ГОРИ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО: Цела влада на продолжен викенд во Грција, уво не ги боли за трите пожари во Маврово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три шумски се активни во националниот парк „Маврово“.

 

Според информации од дежурните служби во паркот, на корабскиот масив пожари има во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина. Во овој пожар досега се изгорени околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на смрека, ела и молика.

Во гаснење на пожарите ангажирани се речиси сите вработени во паркот, а ветрот го отежнува локализирањето. Дежурната служба во НП Маврово попладнево упатила екипи кон реонот на Аџина Река, каде треба да се изврши проценка на изгорените површини и преземање натамошни мерки.

Вчера, на територијата на паркот беа регистрирани два шумски пожари, во близина на селото Скудриње и Рибница. Овие пожари беа ставени под контрола и локализирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This