ГОРНА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПРЕВОД: Грчките медиуми тврдат дека ова е договореното име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговорите за името и понатаму се во фокусот на грчките медиуми. Владата на Атина се наоѓа пред ови притисоци, но овој пат од страна на Германија, пишува Сител повикувајќи се грчките медиуми. Овие тврдења се поткрепени со вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој истакна дека Македонија ќе добие препорака за почеток на преговорите, најдоцна до јуни годинава.

Портпаролот на грчката влада, пак негира дека постои каков и да е притисок за прашањето за името, туку дека е момент кога е можно решение.

,,Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро и за двете земји, но и за Балканот во целост, бидејќи ќе ја промовира, ќе ја зацврсти стабилноста во поширокиот регион‘‘, вели Димитрос Ѕанакопулос.

За најавата дека коалициониот партнер Панос Камененос ќе гласа против решение со терминот Македонија во Парламентот, Ѕанакопулос вели дека треба да се почека крајниот предлог за решение.

,,Каменос го изрази неговото мислење за конкретното прашање. Министерот за надворешни работи и премиерот имаат изјавено која е позицијата на владата и со кои позиции Република Грција доаѓа во преговорите. Сметам дека треба да бидеме трпеливи, да видиме на крај кој ќе биде предлогот за решение до кој ќе стигнат политичките раководства на министерствата за надворешни работи и премиерите, а потоа сите да излеземе со ставови‘‘, коментира Ѕанакопулос.

Од друга страна грчкиот весник Ифемерида и натаму тврди дека финалното име е веќе прифатено од двете страни.

,,Од 4-те предлози на Метју Нимиц, Република Горна Македонија се чини е името кое е квалификувано кај двете страни. Грчката страна всушност успеа, името не само да биде словенско, туку да биде изречено во еден збор ,,ГорнаМакедонија‘‘, со што терминот ,,Македонија‘‘ и не се содржи во името‘‘, пишува Ифемерида.

Весникот повикувајќи се на свои извори додава дека грчката нацрт-спогодба е подготвена на 20 страници и се наоѓа во рацете на премиерот Ципрас. Нацрт спогодбата не ги содржи само грчките позиции, туку ги зема предвид и позициите на другата страна, а откако дипломатскиот документ ќе добие зелено светло од грчката влада, ќе биде доставено до македонската страна.

Според ексклузивни информации на Иефимерида за составување на дипломатскиот документ, првиот и последниот збор го има лично Никос Коѕијас кој во изминатиот период ги интензивираше дипломатските напори и веројатно набргу повторно ќе го посети Скопје со авион што ќе слета на веќе преименуваниот аеродром.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This