Воено-поморската формација која ја предводи носачот на авиони Лиаонинг изведе маневри со употреба на палубната авијација во Јужното кинеско море
Како што пренесува кинеската агенција Синхуа, во вежата која е одржана на повеќе локации во Јужното кинеско море, учествуваа и борбените авиони Ј-15, како и хеликоптери кои се стационирани на Лиаонинг, но попрецизни информации за нивниот број и задачи не се откриени.
Комплексните хидролошки и метеоролошки услови во Јужното кинеско море, со ладен бран кој наиде во моментот на вежбите претставувал додатен предизвик за кинеската морнарица која учестувавала во вежбите.
Како што наведува изворот на Синахуа, вежбата допринела за зајакнување на борбената готовност на флотилата која ја предводи носачот на авиони Лиаонинг.