ГОСПОДИНOT ,,НУЛА” НАЈАВУВА ЕКОНОМСКО ,,ЧУДО”: Економски лекции држиме, следете колку ќе расте платата во следниве 10 месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски од митингот во Штип ги повикаа граѓаните во уште една акција, „Заедно Напред“, бидејќи, како што рекоа, тоа значи забрзување на напредокот, нови инвестиции, повеќе работни места и нови зголемувања на платите, што ги носат интеграциите во НАТО и ЕУ.

-Направивме политичко чудо. За прв пат една држава во регионот почна да се однесува европски, нашата, и со тоа придонесува и за државната и за регионалната стабилност. Не случајно Заев е предложен за Нобелова награда за мир, рече претседателскиот кандидат Пендаровски, кој додаде дека ги поддржува интегративните и обединувачки политики, за доброто на граѓаните.
Тој посочи на безбедноста што ја зацврстува НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ, што се очекува во јуни, со што, како што кажа, ќе се отворат милионски европски фондови.

-Овде отсекогаш стандардот беше лош. Единствен начин да ги поправиме работите е да станеме дел од Европа. Ниедна држава сама не се развила, сите тоа го направиле со помош на другите развиени земји. Верувам во Штип и во нашата земја, во добар резултат, да останеме фокусирани, нашата земја ја избира најдобрата опција за сите, додаде кандидатот за претседател.
Заев порача дека напредокот продолжува, а од ВМРО-ДПМНЕ лажат, поради што и ќе останат подолго опозиција, а со нив и Гордана Силјановска.

-Темпото на нови покачувања на платите ќе продолжи и на минималната плата којашто е покачена на над 12.000 денари, а ќе биде 16.000 денари и на просечната плата, којашто е рекордно покачена на над 25.000 денари, 8.1 процент за само една година, и ќе биде 30.000 денари. Следете во следните 10 месеци, колку ќе расте просечната плата, економски лекции држиме, од нас зависи, од граѓаните, Владата, Парламентот, порача претседателот на СДСМ и премиер.

Заев во обраќањето во Штип се осврна и на важноста од Договорот од Преспа и на НАТО и ЕУ перспективите, кои, како што посочи, се бедем на стабилноста и значат уште поголем економски развој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This