ГОСПОД ГЛЕДА И СЛУША: Човек го навредил св. Василиј Острошки, па го стигнала сурова казна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на австро-унгарското владеење со Босна и Херцеговина во 1895 година голем број православни верници се собрале во Билеќ, пед канцеларијата на котарскиот претстојник Адамовиќ.
Тоа било единственото место каде што можеле да добијат дозвола да заминат за Црна Гора, под Острог, а наближувал денот на свети Василиј Острошки и верниците сакале да бидат таму и во молитва да го прослават денот.

Околу 9 часот излегол Адамовиќ на балкон покрај кој имало камени скали. Го погледнал насобраниот народ, па со остар тон му наредил да се разиде.

„Попусто ме чекате! Не ви давам пропусници за Острог! Зошто одите таму, глупи луѓе, кога таму нема ништо освен сув труп што го ставиле Црногорците во ковчег и го прогласиле за светец“, рекол Адамовиќ.

Во тој момент некој чиновник го повикал Адамовиќ, а овој некако трапаво се свртел, се сопнал и паднал низ камените скали. Скршил нога и се лекувал цели два месеци. Сепак, уште утредента издал наредба секој кој ќе побара, да добие пропусница за Острог и во иднина да продолжи таа пракса.

Подоцна и самиот испратил прилог за манастирот и се заветил дека тоа ќе го прави секоја година, зашто на своја кожа ги почувстввуал моќите на свети Василиј, а незгодата ја сфатил како казна Божја за пцуењето на чудотворецот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This