„Господ постои, името и е Петрунија“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се одржуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само осум филма од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

-Овојпат тричленото жири се одлучи за Петрунија, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

За да ја прими наградата на завршната церемонија на фестивалот, режисерката Стругар-Митевска допатува од филмскиот фестивал „Go East“ во Визбаден, каде што е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а проекција имаше и на 12 април.

Овој месец филмот ќе гостува на шест фестивали, меѓу кои и во Москва, каде што е откупен за дистрибуција во Русија и Украина. Интернационалниот продажен агент „Пирамид“, пак, кој ги откупи правата за дистрибуција на француската територија, на 1 мај ќе ја почне дистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција, од кои седум во Париз.

Филмот патува и низ земјава и по прикажувањата во Скопје, Битола и Прилеп, на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во Штип, градот во кој беше сниман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This