Гоца Тржан за бракот со 14 години помладиот сопруг: „Раша го негува девојчето во мене“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина веруваа дека бракот на Гоца Тржан (44) и нејзиниот 14 години помлад сопруг Раша Новаковиќ (30) нема долго да трае, земајќи ја предвид големата разлика во години, но сопружниците неодамна ја прославија третата годишница и уживаат во заемната љубов.

Како што открива поп-пејачката, Раша уште во почеток на врската и’ покажал дека е поинаков, повнимателен и поемотивен од повеќето мажи со кои имала можност да се сретне и ја научил да биде своја. Покрај него осознала што значи вистинска љубов, искреност, но и како изгледа кога е обожавана.


„Прво мислев дека е луд, а потоа, со текот на времето, неговот лудило почна да ми се допаѓа. Со мене се однесуваше токму како што треба да се однесува еден маж со саканата жена. Сфатив дека токму таков чекав сиве овие години. Се сеќавам дека неколку месеци од нашата врска и’ признав на кумата дека сум тотално луда по него. Во тој миг, тоа никако не беше паметно, па кумата ме праша нешто што требаше самата да се запрашам, а тоа е – од каде храброста да бидам во врска со помлад маж кога тукушто излегов од бракот повредена и ранета. Меѓутоа, откако размислив – сфатив дека немам што да загубам и се осмелив целосно да му се препуштам“, раскажа Гоца за „Стори.рс“.

Седумгодишната врска и тригодишниот брак поп-пејачката ги смета за најубав период во својот живот.

„Раша го негува девојчето во мене, а кога е неопходно, ме спушта на земја. Целосно сум оголена пред него и не постои тема на која не можам да разговарам, и што е најважно, не мора да се претставувам поубава одошто сум. Верувам дека имаме прекрасен брак токму поради тоа што влеговме во него сосема отворено и целосно прифаќајќи ги маните на другиот. Паралелно со тоа, ние постојано ја оживуваме почетната вљубеност која со текот на годините доби поубав облик. Легнуваме и стануваме прегрнати, а за време на ноќта се бакнуваме“, искрена е пејачката, која потврди дека нејзиниот брак е успешен и делумно поради тоа што одат на семеен психотерапевт кој им помага првенствено да се спознаат себеси, а потоа и луѓето околу себе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This