ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БУГАРСКИ ОСЛОБОДИТЕЛ, АЛЕКСАНДАР НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Одлуката за менување на името на аеродромот е срамна и на штета на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев подолг период наназад тргува со македонските национални интереси за своја лична корист и заради добивање политичка поддршка за доаѓање на власт на СДС.  Намерата за преименување на аеродромот е само последен во низата отстапки кои Заев ги презема на грбот на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера видовме дека во Народната универзитетска библиотека, среде Скопје се промовираше на изложба Гоце Делчев како бугарски ослободител. Заев претходно најави дека подготвувал ново име за земјата. Списокот на срамни пазарења и антимакедонски акти и позиции е предолг. ВМРО ДПМНЕ е против преименување на аеродромот и доколку Заев сака постхумно да му се оддолжи на Киро Глигоров, тогаш нека ги пронајде нарачателите и извршителите на атентатот врз него и нека ги санкционира лицата кои самиот Глигоров ги посочуваше дека му влегувале во канцеларија со непринципиелни, коруптивни понуди од грчка страна за промена на името, стои во соопштението.

Од партијата велат дека се што Зоран Заев и СДС периодов ќе срушат или преименуваат, ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати откако ќе се врати на власт.

-ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институциите, и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Пржино“ во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните институции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма. ВМРО ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This