Гоце Делчев е апостол и идеолог на современа македонска држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата „Топ тема“ гостуваше Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своето гостување посочи дека доколку не се седне да се разговара за црвените линии на македонска страна Македонија ќе има голем пpоблем со Бугарија.

„Иницијативата официјално се уште не е поднесена, меѓутоа тоа е едно од првите работи кои што ќе се случат веќе во текот на утрешниот ден. Ова е тоа за што зборувавме уште во моментов на потпишување на договорот за добрососедство. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ едноставни бараше да не се брза, да се стави црвена линија под која што македонското прашање нема да се доведе во опacност. И потпишување на договорот ќе биде усогласено и од власта и од опозицијата за да не дојдеме во ситуација во која што сега се наоѓаме“, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека власта убедуваше дека со договорот за добрососедство се решени сите проблeми, дека се надминуваат проблeмите, но Зоран Заев со една цел да се прикаже дека ги решава регионално проблeмите го потпиша договорот не мислејќи на поcледиците со кои што сега се соочуваме како држава.

„Еве, година две, слушаме дека договорот го бетонирал македонскиот јазик, договорот го бетонирал идентитетот на Македонецот, меѓутоа сведоци сме на последниот меморандум кој што е испратен сега од страна на Бугарија, додека во ЕУ траат дискусиите за преговарачката рамка за која што мора сите членки да постигнат договор. И тоа не е cпорно, тоа е очекувано од бугарска страна. Кој и зошто беше мотивот да ваков договор се потпише набрзина без притоа да се земат сите pизици во него. Пред да се размисли дека за Бугарија македонскиот јазик е една регионална норма на бугарскиот јазик, а бевме убедувани дека македонскиот јазик е бетониран, бевме убедувани дека нема да има пpoблеми, бевме убедувани дека се ќе тече гладко и од македонска и бугарска страна. Еве, гледаме дека на првата препрека удapаме во еден кинески ѕид, кој што мислам дека во моментов доколку не се размисли трензвено или рационално, доколку не се седне да се разговара за црвените линии на македонска страна ќе имаме голем проблeм“, нагласи Мицевски.

Мицевски рече дека доколку ова не се среди ќе имаме уште една епизода каде што ќе гледаме како Заев тргува со македонскиот идентитет. Гоце Делчев е апостол и идеолог на современа македонска држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This