ГОЦЕ МИХАЈЛОВСКИ ГО ПОТСЕТИ БОРЈАН ДЕКА СЕ Е ТРКАЛО ВО ЖИВОТОТ: Kако дел од 1ТВ за жал и ти си дел од едно 3лосторничко здружување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на Канал 5 Гоце Михајловски на фејсбук му пиша на Борјан Јовановски новинарот и уредник на 1ТВ каде сопственик е Боки 13, потсетувајќи го на неговата порака до Михајловски неколку години претходно.

“Борјан… да не се лажеме… како дел од 1ТВ за жал и ти си дел од едно зл осторничко здружување против новинарската професија.. Ти си добар момак, но за жал талентот е само мал процент од нашата професија.. другото е Карактер. Поздрав”, пишува Гоце Михајловски користејќи ги хаштазите #карБмаисабич и #сосвојкамен.

На пораката од Михајловски кој постира фото од слична порака од Јовановски добиена кога работел во сега затворената Нова ТВ, со лична навБреда дека новинарот има комплекси на пониска вредност, одговара Јовановски. :

Borjan… да не се лажеме… како дел од 1ТВ за жал и ти си дел од едно злосторничко здружување против новинарската…

Posted by Mihajloski Goce on Friday, July 19, 2019

“Здраво Гоце ..штом ти треба ова ќе бидам краток. Јас не сум учествувал во ниту една редакција или уредувачка политика која дејствувала спротивно на етичките стандарди. Доколку нешто сум пропуштил те молам потсети ме. Што се однесува до Нова ТВ во која ти беше уредник и новинар, таа започна со фалсификат на бренд а продолжи со партиска пропаганда и прогон на сите кои имаа критичко мислење. Се разбира лажните вести беа дел од тоа секојдневие. Па така таа нова беше создадена како штраф во една злосторничка машинерија. Обидите мене и колегите од 1 ТВ да ги поистовети со приватните групирања на Боки (13) е под секое ниво кое е резултат на изразен комплекс на пониска вредност. Поздрав”, пишува Борјан Јовановски.

Во јавната преписка меѓу двајцата новинари се вклучуваат и други луѓе. Некои од нив се чудат што Јовановски воопшто реплицира.

“Борјанче, зборуваш за етички стандарди, ни едното ниту другото го поседуваш. И да, дел си од злосторничко здружување, сигурно си знаел што се случува но парите кои ти ги давале и на рака ти биле убави. Понатаму, ти учествуваш во уништБување на се што е Македонско. Цел живот бараш од каде да циБцаш по можност странска валута. Па и ти се чудам на одлуката да реплицираш. Значи Боки ти е газБда, цело време и даваш подршка на Катица и СЈО. Како новинар воопшто не обрнуваш внимание на секојдневните сканБдали на СДСМ. Секој ден по еден скБандал но битно вие во вашите глави блескате или можеби пред очи ви блескаат парите”, пишува еден критичар на Јовановски.

Друга новинарка пак, од македонскиот сервис на Би Би Си го брани Јовановски а го напаѓа Михајловски.

“Михајловски Гоце, па ти ова си го чувал цела година за сега да “ му го плеснеш” на Борјан во лице ?! Аууу…Што направи политиката и поделбата на “ наши и нивни” во оваа земја е страшна работа. Колку ли мора да ти тежело ова што си го чекал “моментот”…
Жално е што кавгите и навредите од политичарите се префрлија и во фелата. Забава за народ”, пишува Жанета Скерлев која избегнува да проговори за темата, членство во злосторничко здружување на новинари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This