April 18, 2024, 12:31 pm

ГО ДОНЕСЕ РАНДУ И КАСАНДРА, ПА И ОБЕЗБЕДИ ГРАНТ НА СНААТА: Фирмата на снашката на Ласкова добила грант од државата од 330 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат скандалите околу распределбата на пари од државниот Фонд за иновации. Имено фирма регистрирана само 43 дена пред да го добие грантот од Фондот за иновации во сопственост на снаата на Цветанка Ласкова е само последниот сомнителен случај за сомнително доделување грантови. Фирмата која се бави со информатички технологии ,, Декодикс’’ од Скопје доби неверојатни 20 милиони денари или околу 330 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој за проектот наречен ,,Декодирај – Ме’’.

Исклучително сомнително е тоа што фирмата е регистрирана само 43 дена пред да го добие грантот, а сомнежите ги зголемува фактот што меѓу сопствениците на фирмата е и сопругата на синот на Цветанка Ласкова, која е советничка за култура во кабинетот на Зоран Заев. Сопственичката на компанијата е Христина Керкез, сопруга на Горан Кан Керкез, син на Ласкова.

Поради вака сомнително доделени грантови, Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ќе отвори предмет, по допрен глас, поради сите овие сомневања за конфликт на интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This