April 18, 2024, 12:30 pm

ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО ВО ЕКОНОМИЈАТА: Заев се фали со пораст на БДП од кладилници и казина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и владиниот тим се задоволни од растот од 3% на БДП во третиот квартал, кој доаѓа од уметноста, трговијата, спортските обложувачници и казината.

Поставена е стабилнa основа за понатамошен раст и развој на економијата, базиран на реалната моќ на стопанството. Со 3% раст на БДП во третиот квартал, се потврдува успешноста на економските политики. Извозот расте за 16,4%, индустриското производство за 5,2%, а финалната потрошувачка расте за 5% како резултат на севкупниот раст на платите, објави македонскиот премиер Зоран Заев на социјалната мрежа фејсбук.

Според податоците на Државниот завод за статистика, растот на економијата доаѓа од уметноста, трговијата, индустријата, спортските обложувалници и казина. Лошата статастика во градежништвото и понатаму продолжува. По 40% пад во првиот квартал, овој сектор сега бележи намалување за 2,6 отсто. За Владата, трите проценти раст на БДП во третото тримесечје од годинава се позитивен сигнал за македонската економија. Анѓушев очекува дека годинава ќе се постигне раст од 2,8 насто, како што беше проектирано со ребалансот на буџетот, зашто проектите во градежништвото почнале да се реализираат подоцна.

Овој бруто домашен производ е генериран од реалната економија, не е генериран од виртуелни проекти кои државата ги правела со задолжување, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер на РМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This