Го дружи на сите патувања: Која е ќерката на Влатко Стефановски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влатко Стефановски во моментов се подготвува за турнејата низ Австралија, која ќе започне на крајот на месецов. На 30 ноември, познатиот гитарист ќе одржи концерт во Мелбурн, на 1 декември во Сиднеј, а на 2 во Перт. На 23 декември, Влатко ќе свири со Џибони и со бендот „Фанк шуи“ на фестивалот „ All You Need Is Love“ во ВИП Арената во Скопје.

На дел од неговите настапи, Влатко патува со синот Јан и со ќерката Ана. Ќерката му е друштво на повеќето од патувањата. Минатиот месец, тој со ќерката беше во Падова, Италија, а летово беа заедно на неговиот настап на хрвтскиот остров Бриони, како и во Словенија. Ана по професија е дизајнер и магистрираше дизајн токму во Италија. На фотографиите се гледа дека многу наликува на својата мајка Гордана, која почина пред една година.

„ Ќерка ми Ана самата доби стипендија, магистрираше, сега се обидува да запише докторат“, изјави Стефановски во претходно интервју за ќерката.

Синот Јан е музички талентиран, тој е љубител на ударните инструменти и често е гостин во студиото на семејството Тавитјан каде што заедно свират.

„ За жал, пред три месеци по чина мојата сакана, драга сопруга, со која што поминав триесет и пет години. Тоа е еден огромен губиток за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми“, изјави Влатко во февруари во интервју за Женски магазин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This