ГО ЗБУНИЈА И ГЕРОСКИ: Ставот на членот на раководството на СДСМ не бил став на СДСМ- Оди разбери ги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ставот на членот на раководството на СДСМ (нели беше потпретседател?) не бил став на СДСМ. Оди разбери ги, пишува новинарот Бранко Героски на Фејсбук, откако премиерот Зоран Заев се огради од потпретседателот на партијата Мухамед Зекири и истакна дека амбасадорот Тимоние е искрен пријател на нашата земја.

Инаку, премиерот Заев истакна: Франција јасно ни кажа дека не е до нас, туку е до нив. Сакам да испратам порака, да се оградам од Мухамед Зекири, тој е парламентарец и член на високото раководство на СДСМ. Неговиот став дефинитивно не е став на СДСМ.

– Испраќам порака на критики кон сите кои имаат критички или навредлив настап кон првиот претставник на Република Франција, амбасадорот Тимоние. Тој работи како искрен пријател на нашата земја да ги укаже сите детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите, рече Заев.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2475895452532135

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This