ГО ИЗБОДЕЛ И МУ ГО ЗЕМАЛ ВОЗИЛОТО: Стружанец прободен со нож, заврзан и ограбен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 24 ноември 2017 година во 21:15 часот во Полициската станица Струга, И.М. (28) од Струга пријавил дека истиот ден околу 20 часот, зад „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од М.Н., кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја.

Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал  нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути  И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This