Го имаат ли Албанците „kлyчoт“ за фeдepaлизaциja на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албаците по прв пат ќе имаат свој премиер, додуша, во последните сто дена од четиригодишниот мандат на новата влада на Зоран Заев, но фактот останува дека покрај тоа ќе имаат и дел од виталните министерства и место „прв вицепремиер“, анализира „Спутник“ додавајќи дека всушност оваа позиција е „клучот“ за Македонија кој Албанците го имаат во рака, а води кон федерализација.

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада Зоран Заев воведува функција „прв вицепремиер“ кој ќе биде именуван на предлог на малцинскиот албански партнер, ДУИ. Исто така, ДУИ ги добива ресорите финансии, економија и политички систем, но и надворешни работи.

На прашањето дали ваков состав на новата влада ќе биде своевиден темел за идна федерализаицја на државата, универзитетскиот професор Александар Даштевски вели дека Албанците имаат сериозен „клуч“ во своите раце, кој со сигурност води кон федерализација.

„Без албанските партии влада не би можела ниту да се формира, па така во Македонија малцинството владее со мнозинството, односно околу 20% од Албанците веќе на некој начин владеат со околу 80% Македонци. Тие во земја во која не се мнозинство имаат претседател на парламент, прв потпретседател на влада и министерства кои ги тие ги сакаа, а кога сте некаде на власт не ви е потребна друга држава. Албанија вам ви треба само кога тука немате права, но кога вие одлучувате за се, имате луѓе на клучни позиции во владата и важни министерства, тогаш вие сте главни и нема потреба на никого да служите“, забележува Даштевски.

Токму поради тоа, додава Даштевски за „Спутник“, и ги бараа министерствата за економија и финансии, каде има највеќе пари.

„Тие под своја контрола имаат витални министерства, сами одлучуваат и не мораат да бараат ничија согласност за своите одлуки. Го држат министерството за финансии од кое зависат сите други министерства, бидејќи ако министерството за финансии не ви пушти пари во проблем сте, без разлика во кое министерство се наоѓате. Исто така, речиси и целосно ги исчистија средините каде живеат и таму се самостојни, како во кумановскиот крај каде нема Македонци ниту Срби, како и на Шарпланина. Затоа тие немаат потреба за федерализација“, уверен е Даштевски.

Ниту претседателот на Демократската партија на Србите, пратеник во Собранието Иван Стоилковиќ не мисли дека ќе дојде до федерализација.

„Единствената партија која по изборите треба да им се честита на резултатот е ДУИ и Али Ахмети, бидејќи, покрај контролата на најголем број од општините во Македонија каде што живеат Албанци и контролата на добар дел од министерствата во владата, успеаа да протуркаат и консензуален систем на одлучување, под плаштот на закани од војна, судири и немири кај Албанците. Впрочем, на некој начин се закануваа со федерализација, а во суштина се работи за тоа да се дојде до консензуална демократија бидејќи кога тоа го имате, имате контрола на цела држава“, објаснува Стоилковиќ.

„Консензуална демократија, иако таа подразбира половичен начин на одлучување, на Албанците всушност им овозможува контрола на цела држава. Што значи, на овие избори се потврди она што и претходно го зборував – Албанците се дефинитивно, политички газди во Скопје“, категоричен е Стоилковиќ.

Министерството за финансии е клучно, се согласува тој со Даштевски.

„Тоа е министерствто кое контроилра се во оваа држава, па власта на Зоран Заев нема да биде во ситуација во потполност да ги контролира сите финансиски и политички текови во земјата, со тоа што првиот потпретседател кој доаѓа од ДУИ, има на некој начин врзан потпис со претседателот на владата. Затоа мислам дека судирот помеѓу СДСМ и ДУИ уште пред истекот на првите сто дена од владата ќе почне да ги дава и првите негативни резултати. Отворена е Пандорината кутија на таканареченото уставно преуредување на Македонија“, смета Стоилковиќ.

Во таа смисла, додава тој, честитки по изборите секако не можат да се упатат до партијата на Заев.

„Како можете на некој да му го честитате поништувањето на сопствената нација, уништувањето на унитарниот карактер на сопствената држава, формирање влада и победа на избори ако гго нарушил комплетниот уставно-правен систем? Не се работи за никакви честитки, туку за црн вез на реверите на речиси сите граѓани на Македонија кога станува збор за Македонската држава. Оваа земја ја очекува многу тежок период во кој треба да се задоволат сите тие различни интереси, но од друга страна добро е што српскиот народ, ни по една основа, не учествува во се она што и се случува на Макеоднија, а што не е добро ниту за државата ниту за граѓаните“, оценува Стоилковиќ.

Дека пред Македонија е тежок период смета и професорот Александар Даштевски.

„Иако владејачкото политичко миље отанува исто бидејќи на власт повторно се СДСМ и ДУИ, тие ќе имаат многу проблеми бидејќи мнозинството кое го имаат во парламентот е многу тесно. Состојбата не е сјајна ниту во парламентот ниту во државата – економската ситуација е катастрофална, меѓу водечките земји сме кога станува збор за бројот на заразени со коронавирус, а поради епидемијата речиси никаде не можеме да отпатуваме. Од септември се очекува голема економска криза, сиромаштија, зголемен број на социјални случаи, а единствен адут кој оваа влада го има е да добие датум за преговори со Европската унија, кој ќе трае минимум 15 години. Затоа мислам дека оваа влада нема долго да опстане, со тоа што следната година се локални избори, па не ја исклучувам можноста тие избори да бидат одржани заедно со вонредни парламентарни избори“, напоменува Даштевски.

Според зборовите на Иван Стоилковиќ, ниту опозицијата, вклучително и Демократската партија на Србите во Македонија, не заслужува било каква честитка по изборите, бидејќи покрај сите недостатоци на актуелната власт на Зоран Заев и отворањето на простор за промена на уставно-правниот систем во самите темели, не успеаа да остварат резултат кој би им овозможил формирање на влада и државата ќе ја усмерат во еден друг поразличен правец – колку-толку да се зачува унитарниот карактер на државата.

„Затоа нас и како партија и како припадници на српската заедница во Македонија не очекува голем предизвик – попис на населението во Македонија следната година. Од друга страна треба да се има на ум дека СДСМ под плаштот на паролата ‘Македонија за сите’ на овие избори успеа да ги укине речиси сите партии на малцинските заедници во Македонија. Имено, од малцински партии, припадници на националните заедници во Македонија како Срби, Турци, Власи, Роми и Бошњаци, единствено ние успеавме политички да „преживееме“ и да станеме парламентарна партија. Го сочувавме единството внатре во партијата и тоа сепак може да наговести подобрување во наредниот период“, укажува Иван Стоилковиќ.

Фактот што Албанците го добија министерството за надворешни работи е важно, за Србија и српскиот народ генерално.

„Со изборот на нова македонска влада ќе добиеме три албански министри за надворешни работи во регионот – во Македонија, Албанија и во Приштина. Во таа смисла тезата за размислување е – која одлука на македонската влада во меѓународно политичките односи ќе биде на страна на Србија? Не дека таа одлука нема да биде неутрална, туку во најмала рака ќе биде во спротивност со државните и националните интереси на Србија“ заклучува Иван Стоилковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This