ГО ИСТРАЖУВААТ МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА: ФБИ отвори истрага за несреќата на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-ѕвездата Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, изјави официјален претставник на Бирото.


Тој за Си-ен-ен кажа дека екипата на ФБИ за собирање докази се наоѓа на местото на несреќата и дека им помага на локалните власти во истрагата.

Инаку, официјалната истрага за несреќата ја води Одборот за безбедност на националниот сообраќај и тој ги испитува причините за фаталната несреќа.

Како што се наведува, временските услови во моментот на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање заради маглата, изјави портпаролот на службата Џош Рубинштајн.

Тој додаде дека, кога има такви услови, на хеликоптерите не им се дозволува да летаат.

– Не летавме во неделата наутро поради времето, рекол Рубинштајн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This