April 26, 2024, 11:25 pm

Го нашол скапото БМВ на „трупци“, па на Твитер започна да го бара крадецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рајан Бенет, членот на новајлијата во Премиер лигата, Волверхемптон, утрово на „трупци“ го нашол својот автомобил марка БМВ, кое чини нешто помалку од 100.000 евра.

28-годишниот одбранбен фудбалер, наместо да пријави в полиција се одлучи преку социјалните мрежи да го бара крадецот на четирите тркала. Тој побарал од сите свои следбеници да го информираат доколку некој им нуди тркала „Данлоп“.

„Некое ѓубре дојде и ми ги украде сите тркала од автомобилот. Ако некој добие понуда за четири тркала Данлоп, нека ми каже“, напиша Бенет на својот Твитер профил.

Некогашниот член на Норвич и Питерборо, од пред две сезони е член на „волците“, кои во новата сезона на Премиер лигата заедно со Вотфорд се најголемото изненадување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This