Го оставија ѓубрето позади себе: По мисата на плоштадот граѓаните исфрлија се на земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По литургијата на папата Франциск, верниците оставија куп отпад. Ова беше доволна причина за на социјалните мрежи да се критикува. Новинарката Јадранка Ивановска-Јоци искоментира „тоа се тие јаки верници“.

„Тоа се тие јаки верници. Културни, воспитани, морални, чисти душички, создадени и предодредени за рајските градини со своите манири. Просто преслатки. Да посака атеист секој ден со нив да оди и во кревет“, напиша новинарката Ивановска-Јоци.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство. Поради засилените безбедносни мерки, граѓаните беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.

Од видеото објавено од МИА се гледа дека, и покрај апелите на на надлежните на миса да не се доаѓа со чадори, запалки, храна и слично, многумина не ги послушаа.

Стотици метални парички, чадори, женски додатоци и разни предмети беа оставени пред главните влезови на плоштадот во Скопје од посетителите и верниците кои присуствуваа на литургијата на папата Франциск кој се наоѓа во апостолска посета на нашата земја.

Предметите беа одземени од страна на полицијата која беше ригорозна кон правилата кои неколку дена претходно беа соопштувани на јавните гласила дека токму тие предмети се забранети при влезот во малиот ринг на плоштадот.

На излезот, од посебно обележаните реони, по завршувањето на мисата, граѓаните имаа можност да си ги земат оставените предмети, кои за нивно големо изнанадување сите беа оставени покрај излезот.

Во продолжение погледнете со што сѐ дојдоа граѓаните на миса:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This