April 25, 2024, 10:30 am

ГО ОСТАВИ МОЗОКОТ ВО ПАРТИЈА НА ЧУВАЊЕ: Друже Стево, кажи му на прецедникот дека многу ме paзочара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Друже Стево, кажи му на прецедникот дека многу ме разочара! Дозволи Влашкото лоби во СДСМ да ти ували стручна од Основен во Судски! .

Станува збор за Весна Дамева, нов член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски, која, според Мицевски е активист на владејачката партија.

Димовски додава и дека Весна Дамева е сопруга на Младен Дамев, директор на „ТВ Алфа“ во времето на Штерјо Наков.

Ти пишав и минатиот пат, не си го коцкај кредибилитетот, ама овој пат, сериозно го прокоцка. Не може, човек кој не донел ниту една пресуда во живот, да оценува судии од Основен до Врховен! Весна би била фин кандидат во Комисија за прекршочни постапки, бидејќи работеше на прекршочна материја, но никако во Судски совет! Одредбата се однесува на искусни правници, во кои можат да влезат адвокати, професори и слично, потенцира Димовски.

Новинарот, кој е важи за добар познавач на состојбите во судството, додава дека следниот пат кога ќе го прашаат зошто не чини судството, прстот ќе го впери во двајцата кандидати на претседателот во судски совет.

Под целосна одговорност тврдам: Уште многу фурни леб треба да изедат! Истото важи и за другиот предлог на СДСМ, Павлина Црвенковска, која не помина, стручна советничка од Апелација…Во СДС немав надеж, ама сериозно мислев дека претседателот има кредибилитет. Изгледа стварно сум имал лоша проценка, вели Димовски на „Фејсбук“.

За крај, додава дека познавајќи го претседателот, верувал во него, не во декларираните заложби.

Ама, сега гледам дека секој кој седнува на политичка позиција, мозокот го остава во партија на чување, завршува Димовски.

 

Друже Стево, кажи му на ПРЕЦЕДНИКОТ дека многу ме разочара! Дозволи Влашкото лоби во СДСМ да ти ували СТРУЧНА од Основен…

Posted by Лошото Хуго on Thursday, December 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This