Го пронашол на улица: Пораката оставена на ланчето на кучето ќе допре до секој

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лајонел Витиалингам купувал храна кога ги слушнал автомобилските сирени и видел мало, преплашено кученце како поминува помеѓу автомобилите на патот.

Влегол во автомобилот и го следел кучето се додека не успеал доволно да му се приближи и тогаш забележал дека кучето има некое хартивче закачено за неговото ланче.

Пробал да го примами да му се доближи и тоа му успеало, па по некои 10 минути, кучето се приближило и Лајонел внимателно го земал парчето хартија, а тоа што пишува на него, го оставило без зборови.

„Ав! Здраво! Се викам Сиги и јас сум најмилото и највнимателното куче кое некогаш сте го виделе. Мојот сопственик е злобен што мораше да ме остави овде со вас, но едноставно не можеше повеќе да внимава на мене. Ми беше жал поради тоа, а сигурно и нему. Ве молам, одведете ме во вашиот дом. Ве молам дозволете ми да бидам дел од вашето семејство. Ве молам, сакајте ме.

Оваа година полнам 5 години, многу сум симпатичен и никој немам нападнато.

Јас сум добро куче чувар, кој цел ден ќе седи пред вашата врата и ќе му лае на секој кој ќе дојде до вашата ограда. Додека не ми кажете да престанам. Исто така, знам и некои трикови! Се надевам дека ќе ме прифатите. Со љубов, Сиги“ – пишувало во писмото.

Ова писмо допрело до Лајонел и го довело до солзи, а потоа го земал кучето и го однел дома, каде го наранил и избањал, исушил и го оставил да спие во удобен кревет.

За жал, не се согласувале со кучето кое веќе овој добар човек го чувал дома, па го однел кај брат му.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This