April 20, 2024, 12:58 am

Го пpoбoдeлa co нoж вo cpцeто… – oвa ce дeтaлитe зa хopopот вo Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство.

Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This