ГО ПPOШИРИ СЕМЕЈСТВОТО: Поранешната мис на Македонија стана мајка по вторпат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убавата Сетафани Борсова – Стојановиќ, поранешна мис на Македонија стана мајка по вторпат. Убавата вест таа ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и откри дека овој пат станала мајка на девојче кое го доби името Александра.

Сега семејството на Стефани е пошироко за уште еден член, а по синчето Стефан, кое веќе е потпораснато детенце, доби сестричка, а мама и тато своја наследничка. Убавата Стефани додека ги одбројуваше последните денови од бременоста беше доста активна на социјалната мрежа, па објави неколку фотографии со трудничкиот стомак, како и такви каде е во костим за капење на плажа.

За потсетување, таа во 2010 година ја понесе титулата за најубава Македонка, а потоа нејзиното лице и маркантна појава можевме често да ги гледаме на телевизија и на насловните страници.

Но, ова не треше многу долго, бидејќи Стефани набрзо по изборот се омажи во Србија, се породи и се повлече од јавноста. Некогашната мисица денес води мирен и повлечен живот во Сремска Митровица, а од неодамна наводно е сопственичка на кафуле во истиот град.

Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This