Го пpoyчyвaл Гренланд, но нajпoзнaт е пo cвoјaтa peвoлyциoнepнa тeopијa за пoмecтyвaњe на кoнтинeнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бил германски научник, геолог, метеоролог и геофизичар.

Алфред Лотар Вегенер бил роден во Берлин, во 1880., како најмладо дете во семејството на Рихард Вегенер, теолог и наставник по класични јазици. Семејството во 1886 година купило вила во близина на Рајнсбург која служела како куќа за одмор, а денес е спомен куќа на Алфред Вегенер.

Алфред Вегенер бил запаметен од училишните денови како најдобар ученик во одделението. Студирал физика, метеорологија и астрономија во Берлин, а подоцна и во Хајделберг и Инсбрук. Уште како студент работел и како асистент во астрономската опсерваторија Уранија, каде го подготвил својот докторат. Истата година станал асистент во Аеронаутичкиот опсерваториум во Линденберг, каде работел со својот постар брат Курт, исто така научник кој ќе го заинтересира за поларните истражувања.

Браќата Вегенер се занимавале и со истражување на употребата на метеоролошки балони постигнувајќи рекорд во 1906 година во континуирано летање со балон. Истата година Алфред тргнал на првата од трите експедиции на Гренланд. Во текот на оваа експедиција која имала за цел проучување на последното непознато дело на североисточниот брег на Гренланд, Вегенер ја конструирал првата метеоролошка станица на Гренланд каде се занимавал со метеоролошки мерења во арктичката зона. Вегенер во текот на експедицијата се соочил и со опасностите кои ги крие неистражената природа кога три члена го загубиле животот во пространствата оковани со мраз.

По враќањето од Гренланд, 1908., Вегенер предавал метеорологија, применета астрономија и астрофизика на универзитетот во Марбург. Тука ја развил и својата теорија за движењата на континентите, забележувајќи дека огромните површини на континентите се вклопуваат еден во друг.

Ја изнесол теоријата која зборува дека континентите се движат како огромни тектонски плочи кои некогаш биле дел од еден суперконтинент кој се распаднал. Иако наишол на неодобрување во научните кругови, Вегенер со ова теорија ја поставил основата на денешните тектонски плочи, научна дисциплина која го опфаќа и настанокот на вулканите и планините, земјотресите и многу други области во современата геологија.

Во 1913 година заминал на нова експедиција на Гренланд која започнала со незгоди. Пред самиот пат длабоко во копното, членовите на експедицијата за малку не биле затрупани од ледник, потоа водачот на експедицијата се разболел и останал врзан за кревет со месеци, па така тој и Вегенер биле први кои ја минале зимата на Гренланд. На крајот останале без храна и во последен час биле спасени.

Подоцна истата година, кога се вратил дома, се оженил со Елза Кепен, ќерката на својот професор. Младиот пар живеел во Марбург каде Алфред продолжил да предава на универзитетот. Тука го затекнала Првата светска војна. После мобилизацијата, Вегенер го испратиле во Белгија, а по две ранувања бил прогласен за неспособен за активна војска и бил преместен во воената метеоролошка служба. И покрај воените услови успеал во 1915 да ја заврши првата верзија на своето главно дело „Потеклото на континентите и океаните”. Интересот за оваа мала публикација не бил голем. За професионалните геолози Вегенер бил аутсајдер кој со својата теорија наметнувал низа нови прашања. И самиот тој бил свесен за недостатоците во теоријата, па следните години подготвувал ново дополнително издание. Иако не ги фасцинирал научниците од своето време, неговата работа им покажала во која насока да ги насочат своите дела за истражување, кои следните години ќе бидат во полза на Вагенеровата теорија. До крајот на војната, објавил уште 20 дополнителни труда од метеорологијата и геофизиката во кои ги поместувал дотогашните научни граници.

По војната со жената и двете ќерки заминал во Хамбург каде предавал на универзитетот, а во 1924 година станува професор на Универзитетот во Грац. Во ноември 1926., ја претставил својата теорија за континентите на симпозиумот во САД и повторно го свртил научниот свет против себе.

После третата експедиција на Гренланд во 1929., за која го конструирал и првото возило за снег, заминал и на својата четврта експедиција и последна истражувачка авантура, во 1930 година, како водач на група од 15 члена. Бидејќи експедицијата доцнела шест недели и останала без бензин и храна, Вегенер ги испратил речиси сите членови до кампот по намирници додека тој и уште два члена останале на местото на кое истражувале. Кога и тие тргнале назад кон кампот тешките временски услови ги заробиле на половина пат, каде останале замрзнати. Шест месеци подоцна, на 12 мај 1931., било пронајдено телото на Вегенер. Со пар скии е означен неговиот гроб. Кога починал имал 50 години, бил страстен пушач, па се смета дека му откажало срцето поради општа исцрпеност. Со него бил погребен и неговиот дневник на експедицијата кој до денес се наоѓа на повеќе од 100 метри акумулиран мраз и снег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This