ГО СМЕНИВТЕ ИМЕТО: Ќе биде нeчecнo ако не добиете датум за почеток на преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Република Македонија словенечкиот европратеник Алојз Петерле смета дека би било непpaведно ако нашата земја не добие датум за преговори во јуни, но признава дека има земји кои сакаат да бидеме во пакет со Албанија.

Петерле е на мислење дека нашата земја ги има сите аргументи на своја страна за во јуни да добие позитивна одлука за почеток на преговорите.

Мислам дека би било нефep, непpaведно, нeпoштeнo, ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите и мислам дека не е добро што некои земји инсистираат на пакет со Албанија. Сметам дека Македонија ги има сите аргументи на својата страна за да во јуни се започне со преговарањето. Тоа е почеток, а не крај на процесот, изјави Петерле.

Според Петерле, изминатиов период е направено многу во земјата.

Многу е напpaвено, внатрешната ситуација е подобра, подобри се билатералните односи, многу се работи на реформите, владата и опозицијата соработуваат во суштинските елементи, така да мислам дека по овие долги години во чекалницата дојде времето да Македонија премине во новата фаза на односите со Европската унија, изјави Петерле.

Запрашан дали земјите-членки на ЕУ ќе ги послушаат препораките на европратениците за отворање на преговорите, Петерле вели дека е добро запознат со ситуацијата во некои од земјите-членки и дека во наредните месеци може да се постигне напредок.

Во мојата работа ќе се обидам да убедам некои од актерите дека ќе дојдеме до лоши последици, ако Македонија сега не напредува, бидејќи оние кои не играат за Европа можат да ја искористат ваквата ситуација. Затоа треба да бидеме внимателни за последиците на одлуките во јуни. Јас сум оптимист и ќе работам на тоа да има позитивна одлука во јуни, вели Петерле.

Едно од оправдувањата за да не се брза со датум за преговори, посебно од страна на Франција и Холандија се идните европски избори на кои се почекува подем на евроскептиците. Сепак Петерле смета дека нашата земја и во идниот состав на ЕП ќе ја има поддршката на европратениците

Не знам колку мои колеги ќе бидат повторно избрани. Но, мислам дека оваа атмосфера, оваа поддршка која овде секогаш беше јака, ќе остане и понатаму и дека Македонија ќе може да смета на поддршката на европските парламентарци, нагласува Петерле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This