ГО СМЕНИЈА ИМЕТО И ПОВТОРНО НЕМА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ: ВМРО-ДПМНЕ со години добиваше позитивна препорака, но пречка беше името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце, вели дека втора година по ред Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Европската Унија.

-9 години по ред за време на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија добиваше позитивна препорака за почеток на преговори со Европската Унија, па Грција беше доведена до ѕид и мораше да става вето. Сега Грција ни се тргна од вратот, но нема реформи и затоа ексклузивно кажувам дека нема да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни. – рече Николоски.

Николоски додава дека уште во ноември тој предупредил дека нема да почнеме преговори со ЕУ, но, тогаш никој не верувал во тоа што го говори.

–Новинари јавно се обложуваа со мене дека нема да добиеме датум за почеток на преговори. Но, еве сега е очигледно дека по европските избори, ние нема да добиеме датум за преговори. Тие облози не планирам да ги реализирам. Исто беше и во 2017, кога кажав дека ќе не стават во иста група со Албанија за интеграцијата во ЕУ, тогаш од владата одговорија дека тоа што го говорам е научна фантастика, за само неколку месеци да се потврди дека таа научна фантастика е точна. – рече Николоски.

Потпретседателот на опозицијата додаде дека единствен лек за ова е пад на владата на Заев, која би требало да се најави со победа на Сиљановска на претседателските избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This