(Видео) Го собираат кајмакот од млекото кое го донесе Груевски: Половина од извозот на Македонија од странските инвестиции донесени од поранешната Bлада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полoвина од извозот на Република Македонија доаѓа од странските инвестиции донесени од поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, сите други македонски компании извозници прават извоз едвај колку овие странски инвестиции.

Од се што се создавало како извозна индустрија во Македонија од 2007 година денес имаат еднаков вредност на извоз колку што е извозот на компаниите кои инвестираа од 2007 дп 2017 година во Македонија, 80% од овие компании се во зоните, 20% проценти надвор од нив.

На штета на македонските граѓани е што новата власт по 2017 година не продолжи по истатата патека и со истата стратегија која беше поставена и успешно функционираше. Ако Владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе над 100 странски компании, Груевски посочи во својот фејсбук пост дека постоеле услови да се донесат уште 200 нови компанииво следните 4-5 години и тоа ќе значеше невработеност од само 5-6 осто во Макеодниаја, што беше наша зацртана цел, и најмалку 50% а можеби и двојно повисок стандард од сегашниот, бидејки тогаш кога ќе снема работна сила по природен пат почнува да растат платитете на вработените насекаде, во услови кога понудата на работни места е поголема од побарувачката.

Сега, за жал, странските компании не се задоволни во делот на грижа на државата по нивното влегување и почеток со производство во Македонија(after care). Сеуште се незадоволни и од издавањето работни дозволи за странци, нешто што и тогаш приговараа, но сега уште повеќе. Не се задоволни со исполнување на договорни обврски во делот на инфраструктурата во зоните или каде се сместени фабриките. Не се задоволни со предолгото неусогласување на царините со оние на ЕУ, посебно за електроника која доаѓа од Азија. Имаат многу други забелешки со министерството за финасии и УЈП, за сметководството, некои трошоци, бирократски процедури и сл.

Странски компании кои веќе инвестирале во земјава, своите реинвестиции , наместо во Македонија, ги реализираат во соседна Србија.

Во изминатиот период тие постојано критикуваа за лошата бизнис клима и за честото менување на законите, како и за недоволна грижа од страна на владините претставници кои се задолжени за нив. Некои од нив дури сведочат дека добиле одговор од одредени претставници на власта дека во земјава има доволно инвестиции, со што не ги земале во обзир проблемите кои ги мачат компаниите

За тоа дека компаниите донеле одлуки да го шират бизнисот во соседна Србија, сведочи и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство во емисијата Топ Тема на Телма,

Некои од компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји, на пример имавме две инвестиции на Адиент тука, таа отиде во Србија, Кромберт и Шуберт отиде во Србија, Аптив отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал кога ќе видите дека компании кои се тука лоцирани , нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука , во вашата држава туку ги прават во други места , не успеавме да ги задржиме, изјави Виктор Мизо.

Да се потсетиме дека во интервјуто кое го даде за Телевизија Алфа, Зорица Апостолска, министеркa без ресор задолжена за странски инвестици на прашањата на новинарот одговараше збунето и незнаеше да каже колку нови инвестиции се влезени во Македонија во последниот период односно откако таа раководи со министерстовото за привлекување на странски инвестиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This