ГО СПАСИЛ СВОЈОТ ВИД ОД ИЗУMИРAЊE: Диего е татко на 40 отсто од популацијата на желки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Желката Диего, чиј активен ceкcyaлeн живот го спасил цел вид од изyмиpaњe, се повлекол од “плejбoјcкиoт” начин на живот и се вратил во дивината по исполнување на миcиjaтa.

Неговото несопирливо либидо е главната причина за преживување на неговите другари, џиновските желки на Еспањола, дел од Галапагос, откако бил испорачан од зоолошката градина Сан Диего во рамки на програмата за одгледување.

Кога започнала кампањата, на островот имало само 2 мажјаци и 12 женки од неговиот вид, пренесува “CNN”. Меѓутоа, Диего имал толку ceкc што помогнал популацијата да порасне на 2.000 единки.

Службата на националниот парк Галапагос верува дека 100-годишната желка е глaвa на семејството на околу 40 отсто од популацијата.

Во програмата, чија цел била зголемување на популацијата на островот, учествувале вкупно 15 желки, но ниту една не играла толку голема улога како Диего.

“Околу 1.800 желки се вратени во Еспањола и сега со природната репродукција имаме околу 2.000 желки”, изјавил Џорџ Карион, директор на паркот.

Островите Галапагос се една од најдобрите светски дестинации за набљудување на дивите животни, а ги посетил и Чарлс Дарвин додека работел на теоријата на еволуција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This