Го тужела момчето бидејќи не сакало да се ожени со неа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да чекате партнерот да се обврзе со бракот може да биде фрустрирачка игра што трае долго време.

Една жена презела екстремни мерки, бидејќи нејзиното момче не го исполнило ветувањето дека ќе се ожени со неа.

Гертруда Нгома (26) од Ндола во Замбија покрена правна постапка против нејзиното момче Херберт Салалики (28), татко на нејзиното дете, кој, како што тврди, ѝ ветил дека двајцата ќе се венчаат.

Жената, на која очигледно и „било доста од сè“, го одвела партнерот на суд, барајќи да и ги претстави нејзините идни планови и изразила сомнеж во неговата верност, бидејќи наводно го видела како „праќа пораки на друга жена“.

„Тој никогаш не беше сериозен, затоа го тужев, затоа што заслужувам да знам каква ќе биде нашата иднина“, рекла Гертруда.

Во своја одбрана, Салалики рекол дека сака да се ожени со Нгом, но дека не може да си го дозволи тоа и додал дека тие „комуницираат слабо затоа што таа не му посветува доволно внимание“.

Несудената невеста пред судот изјавила дека сега чувствува оти Херберт (28) не е сериозен во нивната врска и покрај тоа што тој веќе дал лобола.

Лобола е традиционална „надокнада за благодарност“ во Замбија за семејството на свршеницата и знак дека ќе се грижи за својата сопруга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This