April 25, 2024, 12:55 am

ГО ЧЕКА ЛИ АМЕРИКА „ОТОМАНСКИОТ ШАМАР“: Односите помеѓу Турција и Америка забрзано се влошуваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавата на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, дадена пред посетата на неговиот американски колега на Анкара, ја заостри дискусијата во врска со иднината на турско-американските односи, кои инаку поминуваат низ кризен период

На прес-конференција, Чавушоглу не ја исклучи можноста односите помеѓу Турција и САД сосема да се влошат. Според зборовите на шефот на турската дипломатија, до тоа би дошло ако Вашингтон не направи конкрети чекори кон подобрување на ситуацијата. „Ние не сакаме повеќе никакви објаснувања, туку дела. Тоа отворено ќе му го пренесеме на Тилерсон за време на неговата посета, затоа што односите со САД сега поминуваат низ тешка криза“, отворен беше министерот.

Хусеин Коџабијик, коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Тилерсон во Анкара, објаснува дека изјавите на Чавушоглу и Ердоган значат дека трпението на Турција е на работ.

„Претпоставува дека турција е спремна отворено да каже – ако сме сојузници во рамките на НАТО меѓу нас постои соработка, тогаш би требало да се однесувате одговорно. Во спротивно, ние од себе ја исклучуваме одговорноста за случувањата и ситуацијата во иднина“.

Зборувајќи за тоа што би можело да се случи ако по посетата на Тилерсон барањата на Турција не бидат исполнети, Коџабијик објаснува:

„За последиците од такво евентуално лошо сценарио зборуваше и претседателот, спомувајќи османлиски шамар. Ќе појаснам. Кога своевремено американскиот генерал и се закануваше на Турција со збровите – во случај на напад ќе извршиме удар – претседателот Ердоган одговори дека очигледно никогаш не добиле османлиски шамар. Зборовите на претседателот носат симболичен карактер во длабока смисла. Турција зборува за својата беспоговорна решителност да ја отстрани секоја опасност која претставувa закана за нејзината безбедност“.

Ахмет Бебиш од Центарот за меѓународни односи и стратешки студии, смета дека основата на проблемот лежи во тоа што Америка го прекрши ветувањето дека нема да се движат западно од Еуфрат, како и фактот што не ја напуштија Сирија.

Според Бабиш, Америка рапидно го губи влијанието во регионот, а тоа особено е видливо во Сирија.

„Со доаѓањето на Трамп на власт во САД, Вашингтон во Сирија бувкално почна да се валка во калта и во значајна мерка ја загуби својата моќ. Ако САД не го направат тоа што од нив го очекува Турција, малку е веројатно дека државите ќе влезат во отворен конфликт, но во билатерланите односи ќе дојде до сериозен јаз, чии последици тешко ќе бидат отстранети“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This