April 27, 2024, 12:15 am

ГО ШТИТАТ ЦРНИОТ ДРОБ И ГО ЗАБРЗУВААТ МЕТАБОЛИЗМОТ: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постојат многу луѓе што не обожаваат кисели краставички, па затоа тие редовно се наоѓаат на нашето мени.

Киселите краставички содржат голема количина на вода, протеини, многу малку маснотии и многу прехранбени влакна.

Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, како што се калиум, натриум и фосфор. Содржат и витамини, како витамин Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, нијацин и тијамин.

Во продолжение, прочитајте кои се здравствените придобивки на киселите краставички:

– Тие се силен антиоксиданс. Го штитат телото од слободните радикали, нестабилните хемикалии што ги оштетуваат клетките во нашиот организам.
– Тие се одлични пробиотици. Ја балансираат дигестијата и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучни за здравата дигестија.
– Го штитат црниот дроб. Освен што ја подобруваат дигестијата, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира тoкcинитe од организмот.

– Ја спречуваат појавата на чиp на желудник. Чиpoт е внатрешна paнa на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини. Киселите краставички го штитат желудникот и го спречуваат настанувањето на чиpoви.
– Помагаат за дијабетес. Едно истражување покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеините во црвените крвни зрнца кои пренесуваат кислород. Киселоста на краставичките помагаат за контрола на дијабетесот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This