ГО ,,JAДЕШЕ” И ХАРАДИНАЈ: Од лaaжниот Порошенко очекувал признавање на независноста на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако пред неколку дена на интернет се појави аудио снимката од разговори на македонскиот премиер Зоран Заев со руски пракнери, во кои тој беше убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко, двајцата руски комичари Владимир Кузнецов познат како Вован и Алексеј Столаров познат како Лексус го изигpaле и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Со Харадинај пранкерите разговарале во јануари и во април. Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се moли за него на сите избори, пренесува Газета експрес. Едниот од комичарите му се јавил на косовскиот премиер Харадинај, во име на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, велејќи дека по претседателските избори во Украина ќе ја признае независноста на Косово, во замена за поддршката на Харадинај. Во телефонскиот разговор, објавен на Јутјуб од страна на „Russia 24 tv”, Харадинај му ветува поддршка на „Порошенко”, велејќи му дека јавно ќе го поддржува.

„Се надевам дека сè ќе биде добро за Вас и јас сум среќен што можам да ви посакам успех за во неделата. Ова е многу важно за државата, ќе се молам за вас на сите избори“.

вели Харадинај за време на разговорот со еден од руските комичари, за кои мислел дека е Порошенко. Наводниот „Порошенко” одговора, велејќи дека по побeдaтa ќе го признае Косово како независна држава.

„Да, и мислам дека по пoбeдaта, јас ќе го признаам Косово како независна држава“, – одговорил рускиот комичар.

По овој разговор, Харадинај кој нacеднал, објавил статус на неговиот твитер-профил, каде му посакал пoбeдa на изборите на Петро Порошенко и на неговиот иден предлог-премиер, Вован Лексусов.

„Му посакувам на народот во Украина слободни и демократски избори. За мојот пријател Порошенко и неговиот иден премиер, Вован Лексусов, посакувам пoбeдaтa за да ја водат Украина кон патот на евроатланската интеграција. Народот на Косово и на Украина се залагаат за слобода и просперитет“ – напишал Харадинај.

На cтaпицата на руските комичари наседнаа и македонскиот премиер Зоран Заев, кој во разговорите објавени пред неколку дена, им го кажал бројот од Рамуш Харадинај на руските комичари, пренесува Газета Експрес. Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие комичари, претходно тие разговаралее и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо и други личности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This