ГО PEKETИРАЛЕ И САМСОНЕНКО: Српски тајкун сака да го пpeземе објектот што го градам на плоштад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Злосторничко здружување со мрежа на корумпирани нотари, извршители и судии, се обидуваат да ми го одземат деловно-хотелскиот објект што го градам на скопскиот плоштад познат како „Офицерски дом“, вели рускиот бизнисмен и почесен конзул во Македонија, Сергеј Самсоненко, во интервју за најновиот број на неделникот Фокус.

-Се сомневаме дека се работи за организирана шема, во спрега со фирми, посредници и судот, како и обвинителство, позната во светот како организирано преземање објект со намалување на цената, негово фиктивно обезвреднување и нанесување штета на друг. Се ова ниту може да биде случајно, ниту, пак, може да се организира без спрега со надлежните органи – вели Самсоненко.

Тој обвинува дека поранешниот управител на неговите фирми, Ратко Капушевски, и сопственикот на компанијата-подизведувач Кратер, Миле Младеновски, здружени со, според него, авокат, обвинител, судија и стечаен управник, склучиле фалсификуван договор со вметнување на извршна клаузула, кој потоа е основ за предизвикување на стечај на неговата компанија „Сис Инвест Груп“.

-Иницијативата сигурно потекнува од Капушевски зашто на многу фирми им го нудел истото, кои сами ми го пријавија, додека потоа процесот го води стечајниот управник. Целта е да го обезвреднат објектот и да го земат за евтини пари. Цело време истражувам и не знам веќе што да мислам. Единствено сериозно сомневање имам во еден српски тајкун, кој се појавува од заднина. Еден македонски олигарх во негово име ми пристапи и ми даде предлог да ми ги вратат парите што сум ги потрошил и да го преземат објектот – открива рускиот бизнисмен.

Целото интервју, во кое Сергеј Самсоненко детално објаснува за поврзаноста меѓу оваа структура на луѓе, а воедно говори и на повеќе други теми, прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This