March 28, 2024, 12:58 pm

ГРАБАР-КИТАРОВИЌ:Имав само една цел, да се слушне гласот на Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека ја смета важна соработката со Србија, при што е најзначајно, како што наведе, да се расветли судбината на исчезнатите лица.

Таа на прес-конференција по повод четвртата годишнина од положувањето заклетва како претседателка истакна дека како и досега е одлучна да ги поддржи Хрватите во БиХ во нивното настојување да ги остварат своите права кои им припаѓаат како конститутивен народ.

Грабар-Китаровиќ нагласи и дека го смета за важно решавањето на проблемите со Словенија.

Според неа, надворешната политика која ја промовирала уште од самиот почеток се заснова на колку е можно подобро позиционирање на Хрватска во ЕУ и НАТО.

– Имав само една цел, а тоа е гласот на Хрватска да се слушне, препознае и прифати, истакна хрватската претседателка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This