ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО СЛОБОДЕН ПАД: Издадени одобренија за градење во август за 17.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На официјалната страна на Државниот завод за статистика излезе информација за издадени одобренија за градење. Имено, според Државниот завод за статистика во август 2018 се издадени 192 одобренија за градење, што е за 17.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Градежништвото подолг период е во пад што е алармантно според експертите. Тие коментираат дека ова е опасно посебно заради фактот дека градежништвото е еден од главните двигатели на економијата и учесник во градењето на БДП.

Исто така според последниот извештај од Министерството за финансии капитални те трошоци се на катастрофално ниско ниво односно за првите 8 месеци од годината бројката изнесува 23 %.

Деновиве излегоа и информациите на ММФ и Светска Банка за растот на БДП во 2018 година.

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти. Со тоа Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции.

За следната година, Фондот предвидува дека земјава ќе достигне стапка на раст од 2,6 проценти наспроти првично проектираните 3 проценти.

Неодамна и Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.

Од македонската Влада неколку пати досега тврдеа дека голема е веројатноста стапката на раст од 3,2 отсто која е проектирана и во буџетот да се оствари, што ќе биде поткрепено и со мерки за финансиска поддршка на компаниите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This