ГРАДИНАРИТЕ БАРААТ ПОМОШ:Родот скапува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Зелката во валандовско ќе остане на нивите оти нема кој да ја купи. Нема откуп ниту пак заинтересирани трговци кои речиси секоја година набавуваа зелка од овој регион преку зимскиот регион.

Земјоделците кои го прибираа родот тврдат дека годинава ја продаваат за четири денари за килограм но за жал нема интерес ниту пак извоз. Митко Ризов од Пирава вели дека ситуацијата е  катастрофална.

„Моментално е катастрофална и откупната цена е многу ниска, со 4 денари ниту еосновните трошоци не ги покриваме, но мора да се собере родоот и да се пласира. Потешко оди со пласманот и имаме проблеми со зимската зелка.“ – вели Митко Ризов – земјоделец од Пирава.

Благој Костамитев од истото село вели дека заради несигурниот откуп и ниските цени  веќе не сади зелка преку зимскиот период. За него  ова произвдоство е неисплатливо

„Не оди и затоа не ја садам, не е исплатлива за трошоците.“ – вели Благој Костамитев – земјоделец од Јосифово

Земјоделците велат дека ваквата  ситуација ги терада ги намалат површините  иако овој регион е препознатлив по производство на зелка. Заради ниските цени стравуваат дека и пролетниот турнус ке оди за џабе. Годинава зимската зелка во валандовско е засадена на околу 100 хектари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This