ГРАДИНКИТЕ ВО ЧАИР ШТРАЈКУВААТ:Не им е исплатена плата од месец Ноември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Ние не бараме ништо повеќе, имаше штрајк за зголемување на платите и многу други барања, ние го бараме само основното, исплата на плата за месец ноември колку што е можно побрзо.

Градинките во Чаир штрајкуваат

Ако ни се даде добар знак дека ова ќе се регулира, ние веднаш ќе го запреме штрајкот во договор со вработените, тоа е целата причина. Кога стомакот е гладен главата не работи, навистина тука е крајот, сите ние сме на кредит, јас во мојата организација имам 13 самохрани мајки кои зависат од ова плата – изјавија од Синдикатот.

Загрижени од започнатиот штрајк се и родители, а некои од нив, освен градинките немаат друго место за згрижување на децата.

Од Општина Чаир велат дека тие се запознаени со штрајкот, но не може да направат ништо, поради тоа што нема претседател на Советот на општината.

Освен вработените во градинката “Снежана”, без плати исто така се и вработени во градинката “Фидани”, кои исто така предупредија ќе почнат да штрајкуваат, ако проблемот не се реши до утре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This