Градинките се отвораат од 1-ви септември?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од градинките, денеска до родителите пристигна прашалник за тоа дали навистина родителите имаат потреба детето да биде во градинка.

Тие велат дека со цел успешно да ја организираат работата во детската градинка во посебни услови за време на пандемијата, ги замолуваат родителите да одговорат каков е нивниот интерес за користење на услугите доколку градинките се отворат од први септември.

Во прашалникот се додава дека препорачуваат носење на детето во градинка само ако двата родители имаат работна обврска, а работодавците не се во можност да им обезбедат останување со детето и работа од дома, а во таа насока родителите се должни да донесат потврда (од двата родитела) дека работните задачи може да се извршуваат само на работното место, без можност за работа од дома.

Имено, претходно Владата објави протоколи за работа на градинките во кои јасно е наложено како треба да работат во време на коронавирус.

Градинките пред повторно отворање треба да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опрема и инвентарот.

При прием во установата децата ќе имаат задолжително мерење на температурата со безконтактен термометар и миење на рацете.

Масите за седење на децата ќе бидат на растојание од 1,5-2 метри, а вработените задолжително ќе носат заштитни маски на своите работни места.

Потребно е воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена, а секој родител треба да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Извор: ТВ 21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This