ГРАДИНКИ НЕМА, АМА ЏАМИЈА ЌЕ СЕ ГРАДИ: За прв пат во Ѓорче Петров ќе се гради џамија, граѓаните револтирани бараат градинки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Своевидниот „бејби-бум“ кој ја зафати општина Ѓорче Петров во изминатите неколку години, потпомогната од стимулациите на претходната влада е нешто со што новата општинска администрација не може да се справи, односно не ги интересира

 

Недостаток на градинки и училишни капацитети, запрени проекти за изградба на спортски игралишта, фудбалски терени, трим патеки. Наместо финансиска помош на спортските клубови во Ѓорче Петров има стагнација на поддршката за клубовите, а младите се оставени на улица.

И покрај тоа, градоначалникот на Ѓорче Петров дозволил изградба на џамија во општината, иако најголемиот дел од граѓаните никогаш не гласале за таков проект, но шпекулираат дека Наумовски тоа го ветил за да ги добие гласовите од ромската популација во населбата Геге. Ги излажал и нив, велат, па наместо да ја финансира изградбата сега им дал дозвола за изградба, но пари ќе мораат да собираат од донации.

Барањата и потребите на граѓаните се занемарени, градоначалникот ретко кога е на работа, а жителите тврдат дека ако имате потреба од Наумовски најголема шанса да го најдете е во некоја од кафеаните во општината.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This