April 20, 2024, 11:09 am

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ДЕМАНТИРА ФИЛИПЧЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО ГРАДОТ: Во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19, не може да знаеме дали има новозаболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб на денешната прес-конференција информира дека во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19.

Како Оперативен штаб побаравме од Работната единица на Центарот за јавно здравје и Општата болница да се почне со земање брисеви на лица кои се сомнителни со цел да се откријат евентуални носители на вирусот, или евентуално болни. Дури тогаш ќе може да зборуваме дали во Дебар има или не новозаразени, рече Дука.

Градоначалникот информира дека во детската градинка „Брешија“ во Дебар скринингот за вработените ќе биде спроведен на осми и деветти овој месец.

Тој додаде дека состојбата во државава, посебно во некои општини, на седицата на Оперативниот штаб била оценета како многу алармантна бидејќи, како што рече, бројките покажуваат влошување на епидемиолошката ситуација во земјава.

Ваквата ситуација нас како град треба да не алармира и да ја подигнеме на повисоко ниво подготвеноста за соочување со евентуална нова епидемиолошка криза со Ковид-19. Затоа апелирам до граѓаните доколку имаат симптоми, како што е висока телесна температура, кашлица, грозница, да се јават во работната единица за јавно здравје за да им биде земен брис, посочи Дука.
Градоначалникот на Дебар од граѓаните и деловните субјекти побара строго почитување на мерките, како што е носење заштитна маска, одржување физичка дистанца, дезинфекција на работните простории и слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This