ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА НАЈБРЗ СО СИМНУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА:Основно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Кисела Вода ги отстрани таблите на кои стоеше „Република Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на учениците кои учат во основото училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода утрово останаа затечени кога забележаа дека од таблите на кои беше напишано името на училиштето е отстрането името „Република Македонија“. Одлуката е донесена и спроведена без консултација и известување на советот на родители.

Сеуште е нејасно што е причината за избрзаниот чекор имајќи предвид дека државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со замена на таблите.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Скопје Инфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This