Градоначалникот на Крушево шири де3информации: Коњаниците не учествувале во настанот, а Здружението не поддржува такво cpaмно однесување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на граѓани БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ, негувајќи ја традицијата, мирно и достоинствено како што и прилега на еден културен настан по единаесетти пат пристигна во славното Крушево.

Што се однесува до наводите јавно објавени од градоначалникот на Крушево за немири и дивеење јавно се оградуваме бидејќи коњаниците не учествувале во настанот, а Здружението не поддржува такво срамно однесување.

Коњаниците на Бигорски манастир патот на Црешовото топче ја искористија првата ноќ во Крушево за одмор по повеќе од 200 км изминатиот долг пат по Македонските планини.

Целосно се слагаме со изјавата на Градоначалникот на Крушево дека во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.

Да почитуван Градоначалник и ние од коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ целосно се слагаме со твојата изјава, а воедно апелираме воздржаност од избрзани соопштенија пред да се види записникот направен од страна на официјални лица од МВР.

Градоначалникот на Крушево Тони Христоски треба да ги провери сите наводи од записникот на МВР пред да излезе со соопштение.

Изјава на МВР: Во 2 часот по полноќ добила пријава дека синоќа на Гумење дошло до инцидент помеѓу лица кои со коњаницa од скопско Лисиче пристигнале во Крушево и еден крушевчанец од друга страна.

Здружението на Коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ бара јавно извинување од избрзаната и непроверена реакција на Градоначалникот на Крушево Тони Христоски.

Мирно и доствоиствено од кампот на коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ кон Крушево предводени од Рашела Мизрахи .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This