April 20, 2024, 11:30 am

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВАЦИ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СОПРУГАТА: Непотизам или љубов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски (СДСМ), си ја вработил својата сопруга Марица Кузманоска, во општината со која тој раководи. Оваа информација, која Магазин ја доби од вработен во општината, е една од главните теми во општина Новаци, со напомена дека овде станува збор и за судир на интереси, но и за злоупотреба на службената положба. Народот во Новаци со потсмев гледа на телевизиските дебати за непотизмот, додека на лице место првиот човек на локалната власт е промотор на истиот, пренесува Магазин.

Госпоѓата сопруга на градоначалникот е вработена со решение како раководител на одделението за технички и магацински работи. Истовремено, изворот на Магазин открива дека, Марица сеуште соработува со фирмата во која претходно работела, “Шкорпион“, фирма што изнајмува општи работници за краткорочен ангажман по договор. Оваа фирма исто така има соработка со општината Новаци со која раководи нејзиниот сопруг, за што веројатно од голема помош им е нивната довчерашна колешка Марица Кузманоска, што и дава повластен статус на самата фирма. Она што во целата ситуација е неспорно е хармоничниот брак на Љубе и Марица Кузманоски, кои имаат двајца полнолетни синови.

Лани во Ноември, градоначалникот Љубе, на кого ова му е прв мандат на чело на локалната самоуправа, изјави: “Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани.“ Неговата сопруга сигурно се согласува со оваа изјава на градоначалникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This