ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ЗАДРЖАН ВО СТАНИЦА: По престрелката во с.Бадолен, Ново Село, градоначалникот задржан во полициска станица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вечерашната престрелка во општина Ново Село, во струмичко Бадолен на приватниот ранч на градоначалникот на општината Боро Стојчев, тој и неговата сопруга, а најверојатно и неговите синови се задржани во полициска станица во Струмица

 

 

Како што дознаваме, на лице место на настанот бил присутен и началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, како и командирите на останатите полициски станици на подрачјето на СВР Струмица.

Извори во полицијата за Инфомакс брифираат дека наредбата за приведување на Новоселскиот градоначалник дошла токму од Пројковски, кој пак е подреден на директорот на БЈБ Лазе Велковски за кој се смета дека е кадар на Радмила Шеќеринска и неретко ги прескокнува насоките на Спасовски и се води по желбите на Шеќеринска.

Ова особено е потврдено поради фактот дека Стојчев, бил и близок пријател со семејството Заеви.

Вечерва, во с.Бадолен во општина Ново Село, струмичко, се случи вооружена престрелка која ги вознемири мештаните но и пограничната полиција на Бугарска страна, имајќи во предвид дека ранчот на градоначалникот се наоѓа на нецели 200 метри од граничната линија. Неофицијално Боро Стојчев е уапсен поради шверц со цигари.

Оперативната обработка за Стојчев се водела уште од претходната власт.

Неофицијално, вечерва бил уапсен на Камен 29, фатен со два џипа полни со цигари

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This