April 25, 2024, 12:58 am

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на отворање на сензорна соба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес беше во посета на општинското основно училиште Дане Крапчев каде што присуствуваше на отворање на сензорна соба.

За отворањето, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Секое дете е важно, за таа цел денес имав посебна чест и задоволство да присуствувам на отворањето на сензорната соба во Основното училиште Дане Крапчев, која ја отвораме во рамки на одбележувањето на интернационалниот ден на детето. Оваа сензорна соба се реализира како дел од проектот “Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската унија и проектот “И јас имам глас” кој е финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој. Во оваа сензорна соба се вклучени елементи за сензорна стимулација на учениците, алатки за когнитивен развој, опрема за подобрување на крупна и фина моторика, меко катче и катче за осамување и слично. Од оваа сензорна соба, најголема придобивка ќе имаат учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, како и сите ученици кои во одреден момент имаат потешкотии во учењето, напиша Стефковски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This